недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Раководството на Челзи ја објасни одлуката за отпуштање на тренерот Потер

Раководството на Челзи ја објасни одлуката за отпуштање на тренерот Потер
ЕПА

Ко-сопствениците на Челзи, Тод Боели и Бедад Егбали издадоа соопштение во врска со отпуштањето на Греам Потер како главен тренер на тимот.

– Во име на целиот клуб, сакаме да му се заблагодариме на Потер за неговата работа во Челзи. Имаме голема почит кон него како тренер и како личност. Секогаш се покажуваше пристојно и професионално, нас ни пречи што се заврши вака.
Заедно со навивачите ќе го поддржиме Бруно Салтор, кој ќе стане привремен тренер во пресрет на 10 натпревари во Премиер лигата и четвртфиналето на Лигата на шампионите. Ќе вложиме максимални напори на секој од преостанатите натпревари да ја завршиме сезоната на најдобар можен начин, се вели во текстот на соопштението објавено на официјалната веб-страница на Челзи.

Премиерлигашот Челзи вчеравечер објави крај на соработката со тренерот Греам Потер.

Четириесет и седумгодишниот Англичанец ги предводеше „сините“ од септември 2022 година.