Одбранбениот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Серхио Рамос поради повреда би можел да го пропушти реваншот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Според „Foot Mercato“ учеството на 35-годишниот Шпанец е малку веројатно, бидејќи му треба одреден период за закрепнување.
На 15 февруари ПСЖ го победи Реал Мадрид со 1:0 на домашен терен.
Реваншот е закажан за 9 март во Мадрид.
Рамос играше за Реал од сезоната 2005/06 до сезоната 2020/21.