четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рамос доби понуда со шест пати поголема плата од таа што ја добива во ПСЖ

Рамос доби понуда со шест пати поголема плата од таа што ја добива во ПСЖ

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос има договор со францускиот гигант ПСЖ до крајот на сезоната, а засега не е сигурен дека ќе остане во Париз.

ПСЖ сè уште не ги почнал преговорите со Рамос, а тоа сака да го искористи Ал Хилал, кој на Шпанецот му нуди двегодишен договор со плата од 50 милиони евра по сезона.

Рамос во моментов заработува осум милиони евра во ПСЖ, но Ал Хилал му нуди шест пати повеќе пари само за да потпише со нив.

Екипите од Саудиска Арабија повторно сакаат да ги привлечат најголемите ѕвезди, па така Ал Наср на крајот на минатата година потпиша со Кристијано Роналдо, а се шпекулира дека наскоро по истиот пат може да тргне и Лионел Меси.