петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рамос: Горам од желба да ја завршам сезоната со титула

Рамос: Горам од желба да ја завршам сезоната со титула

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос има голема желба со трофеј да ја заврши тековната сезона, прекината поради пандемијата на коронавирус.

– Не можете да го ризикувате здравјето на луѓето. Со нетрпение ја очекувам можноста да започнам да играм повторно, да се натпреварувам, да влегувам на теренот во натпреварите од Лигата на шампионите и Ла Лига. Јас едвај чекам да ја завршам сезоната со трофеј, но прво треба да почекаме за соодветните одлуки од одговорните луѓе, изјави Рамос.

Реал Мадрид е втор во Ла Лига по 27 кола, со два бода заостанување зад Барселона.

Во Лигата на шампионите, мадридскиот тим загуби од Манчестер сити на својот терен во првиот натпревар од 1/8 финалето (1:2). Рамос доби црвен картон на овој меч и ќе го пропушти реваншот.