вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рамос поради повреда ќе го пропушти натпреварот со Интер

Рамос поради повреда ќе го пропушти натпреварот со Интер

Дефанзивецот на Реал, Серхио Рамос ќе го пропушти натпреварот од 4. коло во Лигата на шампионите против Интер, објавено е на  официјалната веб-страница на клубот од Мадрид.

Триесет и четиригодишниот Шпанец се здоби со повреда на бутниот мускул настапувајќи за шпанската репрезентацијата против Германија.

Натпреварот Интер – Реал Мадрид е закажан за 26 ноември во Милано со почеток во 21 часот.  (МИА)