среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рамос повреден, следува пауза од шест недели

Рамос повреден, следува пауза од шест недели

Капитенот на шпанскиот фудбалски клуб  Реал Мадрид, Серхио Рамос, ќе оди на операција на коленото и нема да биде подготвен против Аталанта  меч кој ќе се одигра во нокаут фазата од  Лигата на шампионите.

Ова е голем удар за шпанскиот гигант, кој претходно остана без Еден Азар. Исто така Зинедин Зидан за мечот против Аталанта нема да може да смета на Родриго

Рамос поради повредата според информациите ќе биде надвор од конкуренција во наредните шест до седум недели.