Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос беше промовиран како ново засилување на Севилја, откако искусниот фудбалер реши да се врати во татковината, иако имаше богати понуди од Саудиска Арабија.
Повеќе од 22.000 навивачи беа на трибините на стадионот „Рамос Санчез Писхуан“ за да го пречекаат Рамос, кој се расплака на теренот.
„Посебен и емотивен ден е ова за мене. Многу години поминаа, но се чувствувам исто како денот кога дебитирав тука. Цел живот сум навивач на Севилја и дојдов да се борам за клубот“, вели Рамос.
Sergio Ramos in tears during his presentation in front of Sevilla fans at the Ramón Sánchez-Pizjuán Stadium
by u/TomasRoncero in soccer