петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Разочараниот Пиоли даде објаснување зошто го извадил од игра Леао

Разочараниот Пиоли даде објаснување зошто го извадил од игра Леао

Стефано Пиоли истакна дека е разочаран од перформансите на својот тим на синоќешниот натпревар во Торино против истоимената екипа.

Актуелниот шампион Милан синоќа по втор пат сезонава беше поразен, Торино славеше со 2:1, по што си ја закомплицираа работата на табелата.

„Не бевме доволно добри, не одигравме на највисоко ниво и јас сум разочаран. Немавме истрајност и решеност до максимално ниво и во одлучувачките моменти. Премногу им дозволивме и тие тоа го искористија. Сакавме да ја продолжиме победничката серија, очекував друг пристап одмоите играчи, но очигледно мора да работиме подобро“, истакна Пиоли.

На навивачите не им беше јасно зошто Пиоли го извади на полувреме Леао, па тоа го прашаа и новинарите:

„Синоќа не беше неговата најдобра ноќ, тоа беше евидентно. Имав други играчи со поинакви карактеристики кои ми требаа и се обидов да сменам нешто. Многу страдавме на овој натпревар“, се надоврза Пиоли.