петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал го потврди трансферот на Јовиќ и со 60 милиони евра го направи најскап фудбалер од Балканот!

Реал го потврди трансферот на Јовиќ и со 60 милиони евра го направи најскап фудбалер од Балканот!

Реал попладнево официјално го потврди трансферот на Лука Јовиќ, Србинот се сели во Мадрид во зделка вредна 60 милиони евра плус уште додатни 5 милиони во бонуси.

Она што се најавуваше претходниот месец, денеска и официјално е потврдено. Лука Јовиќ се сели во Мадрид.

Реал испрати официјално соопштение и пренесе дека се е договорено со Ајнтрахт, играчот добил договор до 2025 и треба само да ги помине лекарските прегледи.

Детали од зделката не беа откриени, но медиумите пишуваат дека се работи за трансфер вреден 60 милиони евра, плус додатни 5 милиони во бонуси.

Од зделката ќе се офајди и Бенфика, според едни извори, клубот од Лисабон треба да добие 20% од оваа сума, но има и стории кои велат дека дури 30% им припаѓат на „орлите“ и во нивната каса ќе се слеат 18 милиони евра.