Реал денес потврди дека дефанзивецот Марсело го напушта клубот од Мадрид. Актуелниот договор меѓу Реал Мадрид и 34-годишниот фудбалер истече.
„Кралскиот клуб“ за утре закажа церемонија за збогување со играчот. Свеченоста ќе се одржи на тренинг-центарот на Реал, Сиудад.
Се очекува претседателот на клубот Флорентино Перез да одржи говор по повод заминувањето на Марсело.
Триесет и четиригодишниот фудбалер за Реал Мадрид игра од 18-годишна возраст. Со тимот освои 25 трофеи што претставува клупски рекорд. По освојувањето на шпанската Ла лига оваа сезона, Марсело го надмина рекордот на Франциско Генто кој освои 23 трофеи со Реал Мадрид.
Марсело го освои шпанското првенство шест пати, го освои шпанскиот куп два пати и пет пати – Суперкупот на земјата, пет пати ја освои Лигата на шампионите, три пати стана победник на Суперкупот на УЕФА, а исто така го освои Светското клупско првенство четири пати.