вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал ќе им даде бонус на своите играчи од 450.000 евра

Реал ќе им даде бонус на своите играчи од 450.000 евра

Секој фудбалер на Реал Мадрид ќе добие околу 450.000 евра нето награда за освојувањето на трите трофеи минатата сезона, изјави денеска претставник на Кралскиот клуб.

Реал минатата сезона ја освои Лигата на шампиони, шпанската лига и националниот Суперкуп.

Мадридскиот клуб оваа сезона ја отвори со уште еден трофеј по триумфот над Ајнтрахт во европскиот Суперкуп.

Во Ла Лига екипата на Карло Анчелоти по воведните три кола има три победи над Алмерија, Еспањол и Селта.