четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал. M подготвува два спектакуларни трансфери

Реал. M подготвува два спектакуларни трансфери

Британски Телеграф објави дека Реал подготвува два спектакуларни трансфери за следниот преоден рок. Заедно со Џуд Белингем, играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, актуелниот европски шампион повторно презема акција за доведување на Килијан Мбапе од ПСЖ.

Мбапе минатата година потпиша двегодишен договор со ПСЖ и со тоа ги разочара Мадрид, но сега повторно е несреќен во Париз и Реал сака да го искористи тоа.

Телеграф тврди дека ПСЖ ќе се обиде да го задржи Мбапе бидејќи Нејмар и Лионел Меси го напуштаат клубот, но дека ќе биде тешко кога ќе пристигне понудата на Реал.

Реал размислуваше летово да го доведе и Ерлинг Халанд, но таа работа ќе ја напушти следните години бидејќи сега приоритет е двоецот Белингем-Мбапе. Реал веќе ги договорил условите од договорот со Белингем, а останува уште да се договори висината на обештетувањето со Борусија.