сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид без шестмина фудбалери на Светското клупско првенство

Реал Мадрид без шестмина фудбалери на Светското клупско првенство

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид оваа седмица ќе има обврски на Светското клупско првенство, а Карло Анчелоти има големи кадровски проблеми.

Карим Бензема и Едер Милитао се надвор од фудбалските терени од минатата недела, а на листата повредени играчи им се приклучија Тибо Куртоа и Еден Азар.

Освен споменатите четворица, претходно се повредија и Ферлан Менди и Лукас Васкез.

Реал Мадрид во полуфиналето в среда од 20 часот ќе се сретне со Ал Ахли, а ден претходно во второто полуфинале ќе играат Фламенго и Ал-Хилал.

Финалето е закажано за в сабота од 20 часот