Шпанскиот фудбалски великан Реал Мадрид синоќа ја победи (1:0) Аталанта во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. За тимот од Мадрид, овој натпревар беше јубилеен, 100-ти во плејофот од главното европско натпреварување.
Како што е наведено од прес-службата на УЕФА, Реал прв стигна до границата од 100 натпревари во плејофот. Покрај тоа, мадридскиот тим е првиот со 50 победи во елиминациска фаза од Лигата на шампионите.
Реваншот со Аталанта е закажан за 16 март во Мадрид.