Менаџерот на Реал Мадрид постави многу висока цена за Матео Ковачиќ, која моментално ги одбива кандидатите за Хрватот, тврди „Скај Спорт“.
„Кралскиот“ клуб ставил цена на играчот од средниот од 90 милиони евра. Каталонското издание „Мундо Депортиво“ ја споредува со цената на Кристијано Роналдо – 100 милиони плус бонуси.
Пеп Гвардиола сакаше да го доведе Хрватот во Манчестер Сити, но високите финансиски барања на „Сантијаго Бернабеу“ го откажаа.
Самиот играч има желба да се раздели со белиот дрес, бидејќи тој не е главната фигура во европскиот шампион.
МИА