Реал Мадрид успеа да слави во натпреварот со градскиот ривал Рајо Ваљекано со 2-1, но еден од главните „актери“ на теренот беше левиот бек на гостите Фран Гарсија.
23-годишниот лев бек игра феноменална сезона во дресот на малиот мадридски клуб и не случајно го привлече вниманието на многу големи клубови од цела Европа.
Се претпоставуваше дека тој по истекот на сезоната ќе замине во Барселона, но тренерот на „кралевите“ Карло Анчелоти го најави неговото враќање во клубот каде што ја започна својата кариера.
Дон Карло веднаш по натпреварот со Рајо изјави дека Гарсија „се враќа во своето јато“ и дека Реал Мадрид веќе го обезбедил потписот на талентираниот фудбалер