среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид и Милан во битка за фудбалерот на Манчестер Сити

Реал Мадрид и Милан во битка за фудбалерот на Манчестер Сити

Реал Мадрид и Милан се заинтересирани за напаѓачот на Манчестер Сити и аргентински репрезентативец, Јулијан Алварез.

Сити го доведе од Ривер Плата летото 2022 година за само 18 милиони евра, а Алварез веднаш го покажа својот потенцијал.

Меѓутоа, Алварез на „Етихад“ е во сенка на Халанд и не добива голема минутажа, па размислува да ја промени средината.

„Кралевите“ ја следат ситуацијата и ќе се обидат да го доведат уште во зимскиот преоден рок.

Милан исто така во него гледа идеална замена за Жиру, но Сити не размислува за продажба на Аргентинецот.