Алжирецот, чиј договор со Манчестер сити е со важност до летото 2023 година, се уште нема договорено продолжување на соработката со со „граѓаните“ пишува „L’Équipe“.
Доколку страните не се договорат за продолжување на договорот, Манчестер сити претстојното лето ќе се обиде да го продаде Марез.
ПСЖ ја следи ситуацијата околу 31-годишниот фудбалер. Тој се гледа како замена за Анхел Ди Марија, кој на лето ќе го промени клубот. За Марез е заинтересиран и Реал Мадрид. Неговата вредност се проценува на 30-40 милиони евра.
Оваа сезона, играчот од средниот ред постигна 23 гола и направи осум асистенции на 41 натпревар за Манчестер сити во сите натпреварувања.