Реал Мадрид го очекува зеленото светло на ПСЖ за промоција на Килијан Мбапе како големо засилување пред крајот на преодниот рок, но „кралскиот клуб“ не сака непотребно развлекување на ситуацијата.
Добро информираниот „Ле Паризиен“ утринава објави дека ПСЖ добил ултиматум од Реал Мадрид, па според истиот францускиот клуб мора да одговори на понудата до утре.
Флорентино Перез не сака да дозволи ПСЖ да се поигрува со Реал иако ситуацијата е јасна и факт е дека другиот учесник во преговорите не сака да се откаже од сумата која може да ја добие за Мбапе само уште до крајот на овој преоден рок.Реал Мадрид одлучил дека викендов е последна шанса за ПСЖ, бидејќи од понеделник Мбапе се приклучува на француската репрезентација и комплетирањето на договорот би било покомплицирано.
Во тој случај, Реал Мадрид ќе мора да чека до следното лето кога ќе го добие Мбапе без отштета.