Фудбалерите на Реал Мадрид првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони против Ливерпул ќе го одиграат на домашен терен во Шпанија, откако властите во земјата ги ублажија рестрикциите поради коронавирусот, објави Би-Би-Си.
Шпанија во декември воведе забрана за летови од Велика Британија поради британската мутација на Ковид-19, што влијаеше шпанските клубови своите натпревари како домаќини да ги играат на неутрален терен во странство.
Новите мерки во Шпанија стапуваат на сила на 30 март, една недела пред првиот четвртфинален натпревар во Мадрид меѓу Реал и Ливерпул.