Европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид размислува да му понуди нов договор на тренерот Карло Анчелоти. Актуелниот договор на Италијанецот е до летото 2024 година, а тој изјави дека има намера да се пензионира по неговото истекување.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез, е повеќе од задоволен од играта на тимот и резултатите под водство на Анчелоти. Затоа планира да му понуди нов договор. Во оваа фаза не е јасно колку би траел договорот и дали воопшто Анчелоти на повторно потпишување.
Со минатогодишната титула во Лигата на шампионите, Анчелоти стана најуспешниот тренер во елитното натпреварување со четири освоени трофеи. Неговиот триумф во Ла Лига го направи првиот тренер кој освоил титули во сите големи лиги во Европа – Шпанија, Англија, Германија, Франција и Италија.