понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид нема да ризикува: Мбапе уште ова лето на „Сантијаго Бернабе“!

Реал Мадрид нема да ризикува: Мбапе уште ова лето на „Сантијаго Бернабе“!

Реал Мадрид веројатно ќе се премисли околу одлуката за Килијан Мбапе, и ќе тргне по него уште ова лето, со цел да не дозволи тој да потпише за друг клуб. Се погласни се шпекулациите дека Ливерпул со 200 милиони би можел да тргне по одличниот француски напаѓач.

За да не дојде до тоа, Реал Мадрид нема да ризикува и уште во овој преоден рок ќе се обиде да го ангажира од ПСЖ, односно ќе ги искористи несогласувањата на релација играч – клуб.

ПСЖ и натаму е на ставот дека нема да дозволи Мбапе да замине од клубот бесплатно идното лето, а тој во меѓувреме најави дека нема да го продолжи договорот кој е до 2024 година. Затоа за да заработи, ПСЖ уште ова лето ќе се согласи на продажба, а Реал Мадрид е најсериозен кандидат за неговите услуги.

Пред неколку дена се појави информација дека Мбапе барал премногу за плата од „кралевите“, но сега има подготвен терен за почеток на преговорите и за конечен крај околу сагата на одличниот Французин.