петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид по мечот со Севиља: Вакво нешто досега не сме виделе

Реал Мадрид по мечот со Севиља: Вакво нешто досега не сме виделе

Фудбалерите на Севиља и Реал Мадрид одиграа 1:1 во натпреварот од 10. коло на шпанската Ла Лига. Во многу интересен и значаен натпревар, Севиља поведе во 74. минута, а само четири минути подоцна Реал израмни, кога Дани Карвахал постигна гол со глава.

„Никогаш досега не сме виделе вакво нешто“, беше изјавата на Реал Мадрид по натпреварот која ја објави шпанскиот весник „Марка“.

Нејасно е кој точно ја дал изјавата, но сигурно е дека станува збор за официјална комуникација од кралскиот клуб.

„Совршена тимска работа“, е ироничен додаток на изјавата во која се критикува судењето.

Според мадридските медиуми, гневни се и навивачите на Реал, кои сметаат дека судијата Де Бургос Бенгоеткеа имал еден критериум за домашните, а друг за гостите од првата минута од натпреварот.

Во својата изјава по натпреварот, Анчелоти одби да го коментира судењето, но истакна дека тоа го прави за да избегне казна, па јасно стави до знаење дека нема ништо убаво да каже.

Најмногу се зборува за ситуацијата од првото полувреме. Реал можеше да поведе доколку судијата досуди пенал за гостите. Навас налета на Винисиус и навивачите имаат впечаток дека требаше да биде чист пенал за Реал.