сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид победи, но го загубија Милитао

Реал Мадрид победи, но го загубија Милитао

Шпанскиот фудбалски тим Реал Мадрид го победи Атлетик Билбао (0:2) во првата рунда од новата сезона во Ла Лига, но фановите се загрижени поради сериозната повреда на Милитао.

Родриго го отвори резултатот во 28. минута, за осум минути подоцна својот прв погодок на официјален натпревар за Реал да го постигне и засилувањето Џуд Белингам.

Со таа предност, Реал имаше покомфорно продолжение на мечот, а Атлетик не успеа ниту да ја врати неизвесноста со погодок до крајот на средбата.

Лошите вести за Реал се поврзани со Милитао, дефанзивецот кој беше принудно заменет на почетокот на вториот дел.