понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид посакува уште еден фудбалер од Бундеслигата

Реал Мадрид посакува уште еден фудбалер од Бундеслигата

Европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид не беше премногу активен на трансфер пазарот во изминативе години, но тоа се очекува да се промени ова лето.

Веќе се зборува дека „кралевите“ имаат подготвено терен за англискиот репрезентативец Џуд Белингем од Борусија Дортмунд, односно дека се е договорено за негово пристигнување во Мадрид.

Меѓутоа тука Реал не планира да застане и според „Марка“ веќе мерка уште едно име од Бундеслигата и тоа како директна замена за Еден Азар кој едноставно е непотребен во Реал и ќе го напушти клубов по крајот на сезоната.

Актуелниот европски првак сака да го доведе Муса Диаби од Баер Леверкузен, играч кој има 23 години и би чинел околу 50 милиони евра.