петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид против Барселона ќе биде без еден од најдобрите

Реал Мадрид против Барселона ќе биде без еден од најдобрите

Реал Мадрид значително ќе биде ослабен против Барселона во првото сезонско „Ел Класико“ за оваа сезона.

Белгискиот голман Тибо Куртоа нема да се појави на дуелот со големиот ривал. Проблеми со вратот се причина за оваа одлука на мадриѓани. На оваа средба нема да игра и Дани Себаљос. И тој се соочува со повреда, поради која нема да им помогне на соиграчите против каталонскиот клуб.