вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид рутинирано против Алавес

Реал Мадрид рутинирано против Алавес

Шпанскиот фудбалски тим Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога и славеше со убедливи 3-0 против Алавес во последниот меч од Ла Лига во саботната програма.

По првото полувреме во кое мируваа мрежите, „кралевите“ дури трипати погодија во вторите 45 минути, а серијата од голови ја отвори Асенсио во 63. минута.

Винисиус Жуниор зголеми на 2-0 во 80. минута, додека конечниот резултат го потврди Карим Бензема при крајот на регуларниот дел.