сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид се откажува од трансферот на Мбапе?

Реал Мадрид се откажува од трансферот на Мбапе?

Продолжува „сагата“ околу евентуалниот мега-трансфер на Килиан Мбапе во редовите на Реал Мадрид. Француската супер-ѕвезда е во преговори со „кралевите“, но информациите што стигнуваат од Шпанија велат дека голем проблем може да бидат огромните побарувања на фудбалерот.

Шпанска „Марка“ објави бомбастична вест дека во моментов челниците на Реал Мадрид не размислуваат само за трансфер на Французинот и полека се насочуваат и кон други евентуални засилувања за нападот.

Наводно, претседателот Флорентино Перез бил разочаран од мајката на Мбапе, која воедно е и негов агент, а таа на сите начини се обидува да договори огромна заработка за својот син. Дел од француските медиуми пишуваат дека Мбапе можеби и ќе се согласи на продолжување на соработката со ПСЖ, но за тој потпис фудбалерот и неговата мајка бараат вртоглави 240 милиони евра, кои фудбалерот би ги добил како плата и дополнителни бонуси.

Со оглед на ситуацијата која очигледно дополнително се комплицира, „Марка“ пишува дека Реал Мадрид може дури и комплетно да се откаже од трансферот на Мбапе кој во моментов е проценет на 180 милиони евра.