петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид се пласираше во финалето на Светското првенство за клубови

Реал Мадрид се пласираше во финалето на Светското првенство за клубови

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Ал Ахли од Египет со 4:1 (1:0) и со тоа се пласираа во финалето на Светското клупско првенство.

Водечкиот гол за Шпанците беше дело на Винисиус Жуниор во 42 минута, а на стартот од вториот дел, во 46 минута Федерико Валверде го зголеми водството.

Ал Ахли не се предаваше, па во 65 минута Али Малуи од пенал намали на 2:1. Но, до крајот не само што не успеаја да израмнат, туку примија уште два гола.

По промашениот пенал на Модриќ во 87 минута, Родриго во 92 минута постигна гол за 3:1 на асистенција на Дани Себаљос. Конечниот резултат го постигна 21-годишниот Серхио Арибас во осмата минута од судиското надополнување.