четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид се засили со Хоселу

Реал Мадрид се засили со Хоселу

Шпанскиот фудбалски тим Реал Мадрид го потврди трансферот на напаѓачот Хосели кој дојде на позајмица од Еспањол.

„Кралевите“ ќе платат 500.000 евра за позајмицата на 33-годишниот фудбалер, кој со Шпанија ја освои Лигата на нации.

Позајмицата е на една година со можност фудбалерот да биде откупен за 1,5 милиони евра.
Во 2022/23, Хоселу одигра 34 натпревари во шпанскиот шампионат со ефект од 16 гола и 2 асистенции.