Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид ќе биде со својот најдобар стрелец, Карим Бензема, за дуелот против Пари Сен Жермен, во осминафиналето од фудбалската Лига на шампиони.
Првиот меч од нокаут фазата се игра в вторник, а Реал Мадрид го објави списокот на фудбалери кои ќе патуваат во Париз каде меѓу нив e и името на Бензема.
Францускиот репрезентативец веќе три недели е надвор од теренот поради повреда на мускулот на ногата.
Бензема денеска тренирал нормално, но тренерот Карло Анчелоти најави дека не сака да ризикува, па голгетерот не играше против Вилјареал.