Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Брајтон, Алексис Мекалистер. На „Сантијаго Бернабеу“ бараат опции за замена на Лука Модриќ, кому му истекува договорот, а се насочиле кон светскиот шампион со Аргентина, тврди „Тутомеркато“.
Мекалистер блесна со настапот на Светското првенство во Катар, каде одигра клучна улога на патот на Аргентина до светската титула. Во Брајтон исто така се претстави одлично оваа сезона, со 26 настапи, девет гола и една асистенција во сите натпреварувања.
Сепак, Реал Мадрид би можел да има сериозна конкуренција за потписот на 24-годишниот фудбалер, кого го бараат и Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Пари Сен Жермен.