недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал на врвот на табелата во Ла Лига, прв пат по 100 дена

Реал на врвот на табелата во Ла Лига, прв пат по 100 дена

Реал Мадрид синоќа го победи Ваљадолид со 1:0 во натпреварот од 21. коло на шпанската Ла Лига. Благодарение на победата, мадридскиот тим се искачи на првото место на табелата. Ова се случи за прв пат по 100 дена.

Стрелец на победничкиот гол беше Начо во 78.минута.

По 21. коло, Реал има 46 бода, пред Барселона која досега собра 43.