Раководството на Реал Мадрид и хрватскиот фудбалер Лука Модриќ преговараат за нов договор. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, станува збор за продолжување на актуелниот договор за уште една сезона.
Во текот на преговорите, страните наидоа на мало несовпаѓање во однос на финансиските барања. Минатата сезона, Модриќ ја намали платата за 10% (од 12,5 милиони евра на 11,25 милиони евра годишно по оданочување) за да му помогне на клубот да се справи со влијанието на пандемијата на коронавирус.
Сега агентите на играчот од средниот ред сакаат Реал Мадрид да ја врати платата на Лука на нивото пред пандемијата, или барем да ја остави како што е сега, додека клубот сака дополнително намалување на платата.
И покрај ова, страните имаат намера да ги продолжат преговорите и сакаат да направат сé за Модриќ да помине барем уште една сезона во Реал Мадрид.
Триесет и седумгодишниот играч од средниот ред, кој во Мадрид е од август 2012 година, оваа сезона постигна три гола и осум асистенции во 36 настапи за клубот во сите натпреварувања. (МИА)