Реал Мадрид по негативата синоќа кај Алмерија, успеа да го сврте резултатот и на крајот да победи.
Иако имаа негатива уште од 6. минута, во вториот дел Реал целосно го промени резултатот и ги однесе бодовите во првото коло.
Лукас Васкез донесе изедначување на резултатот во 61 минута, а за десетина минути подоцна, поточно во 75 минута, фантастичен гол постигна Давид Алаба, кој го одбележа натпреварот, бидејки само што влезе во игра, веднаш постигна гол по неколку секунди.
Со оглед на тоа дека Реал е актуелен шампион, со воведната победа и пресвртот, само најавува дека и сезонава остануваат главен конкурент за титулата.
What a goal by David Alaba coming straight from the bench to take the free kick!! #AlmeriaRealMadrid pic.twitter.com/BQpJfqoznO
— The Lonely Loner 🆒 (@noonebelievesm3) August 14, 2022