Раководството на Реал започна да ја подготвува презентацијата на напаѓачот Килијан Мбапе, чие официјално потпишување ќе се случи в недела, пренесува „Марка“.
Презентацијата може да се одржи во две сценарија: Мадрид ќе добие отворен простор во тренинг базата и, ако сé оди според планот, овој проект ќе се спроведе на 9 или 10 септември.
Втората опција: клубот ќе направи презентација на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ пред натпреварот против Селта на 11 септември.
Самиот Мбапе веќе се прости од своите соиграчи од ПСЖ, најавувајќи заминување во Реал.
За потсетување, на Мбапе му останува само уште една година според договорот со парижаните. Французинот веќе одби голем број понуди за продолжување на договорот со ПСЖ.
Мбапе игра за ПСЖ од 2017 година, откако премина од Монако. Ја освои шампионската титула на Франција, францускиот Лига куп, како и Купот и Суперкупот на земјата.