среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рекордни 308 погодоци во групната фаза од Лигата на шампионите

Рекордни 308 погодоци во групната фаза од Лигата на шампионите

Во годинашното издание од групната фаза на фудбалската Лига на шампиони беа постигнати 308 гола што е нов рекорд во ефикасност. Погодоците се постигнати на 96 натпревари во осумте групи.

Просекот по натпревар е 3,2 гола.

Најефикасен тим беше Баерн Минхен кој оствари шест победи на шест натпревари и постигна 24 гола.

Најмал придонес даде Галатасарај, кој на шест натпревари успеа да постигне само еден гол.