недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ренато Санчез потпишува за ПСЖ

Ренато Санчез потпишува за ПСЖ

Ренато Санчез наскоро ќе стане нов играч на Пари Сен Жермен, пренесува португалскиот О’Жого. Португалците тврдат дека 24-годишниот играч за врска ќе му се приклучи на тимот на францускиот шампион како позајмица од Лил со откупна обврска од 10 милиони евра.

Лил го донесе Санчез пред три години од Баерн за 20 милиони евра, а Португалецот сега влезе во последната година од договорот со Лил. Кариерата ја започна во Бенфика која го продаде на Баерн за 35 милиони евра по одличниот настап на Евро во 2016 година.

Во Париз, Санчез ќе работи со Кристоф Галтие, тренерот кој го водеше во Лил кога тој клуб беше шампион на Франција во 2021 година. ПСЖ претходно летово ги доведе Витињо и Норди Мукиеле, а најголемата работа на францускиот шампион е продолжувањето на договорот на Килијан Мбапе.

Ренато Санчез наскоро ќе стане нов играч на Пари Сен Жермен, пренесува португалскиот О’Жого