среда, 14. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Репрезентативецот Трајковски го облече дресот на Алборг

Репрезентативецот Трајковски го облече дресот на Алборг

Данскиот фудбалски прволигаш Алборг денеска официјално го претстави македонскиот репрезентативец Александар Трајковски за свое ново засилување.

– Пристигна и подготвен e за настап, објави на својот Твитер профил данскиот клуб за кој Трајковски се очекува да дебитира веќе в недела на гостувањето кај Виборг.

Трајковски (29) се пресели во данското првенство како позајмен играч од шпанскиот прволигаш Мајорка, за кој по пристигнувањето од Палермо во 2019 година одигра само 23 натпревари во сите натпреварувања.

Алборг по седум кола во данската Суперлига е петтопласиран со 12 бодови, пет помалку од лидерот Копенхаген.