среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Рис Џејмс го повреди истото колено

Рис Џејмс го повреди истото колено

Фудбалерот на Челзи, Рис Џејмс повторно се повреди и повторно ќе паузира неколку недели.

На малерите на одличниот десен бек им нема крај. Поради повреда на коленото го пропушти Светското првенство во Катар, а веднаш штом заздрави и им се врати на терените, го повреди истото колено. Тој уште во 53. минута мораше да го напушти натпреварот против Борнмут.

Менаџерот Грем Потер по натпреварот изјави дека се надева дека повредата не е толку сериозна. Но, сепак еден од најдобрите бекови на денешницата ќе мора да паузира неколку недели. Се очекува тоа да трае најмалку три недели, а најверојатно четири.