вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роберто Фирмино заминува од Ливерпул и се знае каде ќе игра следната сезона

Роберто Фирмино заминува од Ливерпул и се знае каде ќе игра следната сезона

Фудбалерот на Ливерпул Роберто Фирмино по осум години ќе игра за друг клуб. Англиските медиуми веќе шпекулираат околу тоа кој ќе биде неговиот нов клуб, а како прво име се споменува Барселона, со која наводно веќе имал усмен договор.

Фирмино во Ливерпул пристигна во 2015 година од редовите на Хофенхајм и на 360 натпревари за Ливерпул постигна 109 голови.

Иако немаше многу шанси да заигра сезонава, заминувањето на Фирмино за Ливерпул ќе биде голем удар за Јирген Клоп, кој последните месеци се обидуваше да го увери дека треба да остане на Енфилд.