Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс целосно закрепна од повредата на бутниот мускул, пренесува Билд.
Триесет и едногодишниот играч од средниот ред може да учествува на натпреварот во Купот на Германија против Дуизбург закажан за 14 септември. Натпреварот ќе биде прв за Борусија во новата сезона.
– Во неделата, го погледнав тренингот на Марко. Марко зрачи со позитивна харизма, рече спортскиот директор Томас Цорк.
Последен пат Ројс влезе на теренот на 4 февруари на натпреварот од германскиот куп против Вердер Бремен (2:3).