Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс вчеравечер на дуелот со Лајпциг го постигна својот 100.гол во Бундеслигата.
Ројс погоди во првата минута од судиското надополнување за победа од 4:1 на Борусија.
Од 100. голови во најсилното Германско фудбалско првенство, Ројс 64 реализирал во дресот на Борусија Дортмунд, додека 36 како играч на Борусија Менхенгладбах.
Тој досега има одиграно 234 бундеслигашки натпревари.
(Миа)