Репрезентацијата на Македонија се подготвува за последниот натпревар на Европското првенство, во Амстердам против домаќинот Холандија.
УЕФА на два дена до натпреварот ги делегираше и арбитрите од Романија за натпреварот на „Јохан Кројф Арена“.
Главен судија ќе биде Иштван Ковач додека помошници ќе му бидат Васил Флорин Маринеску и Овидиу Артен. Четврти судија ќе биде Георги Кабаков од Бугарија додека задолжен за ВАР е Марко Ди Бело од Италија.