Романскиот судија Себастијан Колтеску ќе го чини суспензија до крајот на актуелната сезона, одлучи дисциплинската комисија на УЕФА.
Колтеску беше причина за прекин на натпреварот меѓу ПСЖ и Истанбул Башакшехир од Лигата на шампионите, откако со расистички речник го навреди Пјер Вебо, инаку член на стручниот штаб на турскиот клуб.
Двете екипи подоцна одбија да излезат на теренот и да го продолжат натпреварот од групната фаза на ЛШ, а тој беше доигран дури следниот ден.
Колтеску сепак се спаси од обвинувањето дека расистички го навредил Вебо, иако УЕФА го оцени неговото однесување за непристојно, па заедно со уште еден од судиите ќе мора да посети едукативна програма до јуни.