понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ромелу Лукаку се сели во Рим?

Ромелу Лукаку се сели во Рим?

Извршната директорка на Рома, Лина Сулуку допатувала денеска во Лондон, за да преговара со челниците на Челси за трансфер на Ромело Лукаку, пренесуваат италијанските медиуми.

Лукаку во 2021 година се врати во Челси, и покрај тоа што имаше одлична сезона во Интер. Меѓутоа после само една сезона одново се врати на „Џузепе Меаца“, овојпат како позајмен играч.

И кога се чинеше дека љубовта меѓу него и „нероазурите“ ќе продолжи, се случи пресврт, а Интер се откажа од него откако дознал дека наводно Белгиецот преговарал тајно со Јувентус.

Во меѓувреме и Јувентус се откажа од негов ангажман, а Челси го испрати да тренира со младинскиот тим на Челси. Сега би можел одново да се врати во Италија, но овојпат во Рим каде што ќе биде повторно со Мурињо, со кого беше заедно и во Челси, и во Манчестер Јунајтед.