Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Барселона, Милан, изминатите неколку месеци ги помина во Парагвај каде заедно со својот брат Роберто Асис заврши во затвор бидејќи влегоа во оваа држава со фалсификувани пасоши.
Сепак, нивните адвокати успеаја да се договорат со обвинителството на Парагвај, Роналдињо и неговиот брат да ја признаат вината и наскоро ќе излезат од затвор.
Парагвајскиот јавен обвинител побара затворање на истрагата против Роналдињо и Роберто Асис и во консултација со судијата го закажа последното сослушување по што славниот фудбалер и неговиот брат, конечно ќе можат да го напуштат Асунсион каде моментно се наоѓаат во домашен притвор.
За да се случи ова, Роналдињо и Роберто Асис кој му е менаџер, мораа да ја признаа вината дека во Парагвај влегле со лажни пасоши и за тоа ќе мора да платат парична казна во висина од 200.000 долари.
Роналдињо притоа успеа да се спаси и од уште една работа, нема да му биде отворено криминално досие и ќе може слободно да патува низ целиот свет, додека неговиот брат во наредните две години нема да смее да го напушти Бразил.