среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо: Ако ме сакате мене, не мора да го мразите Меси

Роналдо: Ако ме сакате мене, не мора да го мразите Меси

Двајцата најдобри фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо и Лионел Меси на залезот од своите кариери решија да ја напуштат Европа, едниот замина за Саудиска Арабија, другиот за САД.

„Ако го сакате Роналдо, не мора да го мразите Меси. Ние двајцата ја променивме историјата и добивме почит од светот. Ривалство? Јас не гледам така на тоа, ние ја делевме фудбалската сцена цели 15 години. Не велам дека сме пријатели, но се почитуваме. Заврши нашето ривалство затоа што заминавме од Европа. Мене ми оди добро во Саудиска Арабија, него во САД“, изјави Роналдо.