Кристијано Роналдо преку социјалните мрежи им се заблагодари на навивачите на Ливерпул, кои во вторникот на големото дерби со Манчестер јунајтед, во седмата минута од мечот аплаудираа и ја пееја славната песна „You’ll Never Walk Alone“ за Португалецот по трагичната смрт за неговиот новороден син.
Во нешто што ретко се гледа на фудбалските терени кога се работи за мечеви помеѓу така лути ривали како Ливерпул и Јунајтед, навивачите на „црвените“ покажаа вистински респект кон легендата на „ѓаволите“, за што уште вчера се заблагодарија двете сестри на Роналдо. Сега, и тој се јави на социјалните мрежи.
„Еден свет… Еден спорт… Едно глобално семејство… Благодарам, Енфилд. Јас и моето семејство никогаш нема да го заборавиме овој момент на респект и сочувство“, напиша Роналдо.