среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо им се обрати на навивачите: Историјата ќе се испише уште еднаш, Сер Алекс овој е за тебе (ФОТО)

Роналдо им се обрати на навивачите: Историјата ќе се испише уште еднаш, Сер Алекс овој е за тебе (ФОТО)

Кристијано Роналдо денеска официјално беше промовиран како нов играч на Манчестер Јунајтед. Клубот во петокот објави дека е постигнат договор со Роналдо, а денеска објави дека Португалецот се враќа на „Олд Трафорд“ на две години со можност за уште една.

По низата реакции на социјалните мрежи и даде изјави, Роналдо сега се огласи и на Инстаграм. На обожавателите им порача дека историјата повторно ќе биде напишана.

-Сите што ме познаваат, знаат за мојата љубов кон Манчестер Јунајтед. Годините кои ги поминав во клубот беа апсолутно неверојатно и патот кој заедно го одевме е испишан во златни букви во историјата на оваа голема институтција.

Не можам да ги објаснам моите чувства сега. откако видов дека се објави моето враќање на Олд Трафорд. Тоа е како исполнување на сонот, по сите натпревари на кои играв против Јунајтед. Дури и како противник секогаш се чувствував љубов и почит од навивачите.

Моја прва домашна лига, мојот прв Куп, мојот прв повик за репрезентацијата на Португалија, мојата прва Лига на шампиони, мојата прва Златна копачка и Златна топка, сите овие беа родени од посебната врска која ја имав со Црвените ѓаволи. Историјата беше испишана во минатото и историјата ќе биде испишана уште еднаш. Го имате мојот збор.

Тука сум, се вратив каде што припаѓам. Ајде да направиме да се случи уште еднаш.

П.С. Сер Алекс, овој е за тебе…, напиша Роналдо на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)